По информацијата дека Раде Шербеџија минатата недела бил уапсен во Калифорнија на улиците во Саната Моника откако полицијата утврдила дека вози под дејство на алкохол, се огласи и славниот хрватски актер со холивудска кариера.
- При рутинска контрола алкотестот покажа малку над дозволената граница. Имав испиено три чаши вино - изјавил Шербеџија за инцидентот.
Тој ги негира наводите на таблоидот ТМЗ дека полицијата го уапсила откако приметила дека неговото возило излегува од коловозната лента. Исто така негира дека во неговиот автомобил било пронајдено отворено шише виски. ТМЗ објави и фотографија од актерот во полициската станица јавувајќи дека за кратко време бил ослободен откако платил кауција.