Здравје // Рецепти
(РЕЦЕПТ) Посна пица со морски плодови: Што да јадете за Велигденските пости
Денес за ручек ви предлагаме да си направите посна пица со морски плодови.
Состојки кои ви требаат:
-Тесто за пица,
-1 конзерва сардина,
-1 конзерва прстени,
-неколку школки,
-1 тегла ракчиња во солена вода,
-кечап за пица,
-неколку црни маслинки,
-1 чешне лук,
-капар,
-оригано,
-малку сок од лимон.
Подготовка:
Исцедете ги сардините од маслото и исечете ги на парчиња, исцедете ги прстените од маслото и ракчињата од водата.
Ставете сè во еден сад, а потоа направете маринада од масло, сок од лимон, зачини и лук и посипете ги со рибата, ракчињата и прстените.
Оставете да отстои половина час.
Се мачка кечап на тестото, а потоа се редат рибите и морските плодови од марината, се посипуваат со оригано и се печат.
Извор: поснајела.рс
(РЕЦЕПТ) Посна пита од спанаќ: Што да јадете за Велигденските пости(РЕЦЕПТ) Лосос со лук и домат: Што да јадете за Велигденските пости
(РЕЦЕПТ) Шпагети со авокадо на вода: Што да јадете за Велигденските пости