РОДИТЕЛИТЕ ВО ПАНИКА: Ги советуваат своите деца да не излегуваат од дома!

Добивај вести на Viber

По страотната вест за смртта на 14 годишната Вања Ѓ, од Скопје, цела Македонија се крена на нозе. Веста молскавично се прошири, а низ скопските улици се чувствува неопислив страв, посебно кај родителите на деца.

Откако екипата на „Фактор“ излезе на терен, наидовме на еден татко, кој во разговор со својата сопруга и даваше инструкции за малолетната ќерка со име Елена.

„Кажи и на Елена никако да не излегува од дома. Гледаш ли што се случува, деца од пред врата ги грабаат! Одсега јас ќе ја носам во училиште и јас ќе ја земам по часовите“ исплашено разговараше таткото со својата сопруга.

Факт е дека многумина се потресени и видно исплашени од оваа вест.

„Утре ќе ја носам ќерка ми јас во училиште. По ова не се чувствувам сигурно да ја пуштам да оди сама“ вели една мајка на девојче на иста возраст како сега веќе починатата Вања.


извор: faktor.mk