Росана стана баба: Бог ми донесе нова душичка

Добивај вести на Viber

Росана Сариќ - Тодоровска стана баба. Нејзината ќерка Ивана која минатата година се омажи за Англичанецот Џејмс стана мајка, а за синот одбра необично име - Ноа.

- Се чувствувам прекрасно. Измешани чувства. Бог ми ја одзеде душата моја, брат ми, но ми донесе нова душичка. Си плачам - искрена е за „Женски Магазин“ познатата пејачка.

Росана во јануари годинава ни изјави дека имаат фантастичен однос со зетот.

- Јас си го викам синот Џејмс и имаме огромно заемно почитување. Тој мене ме вика мама, а сопругот тато - ни откри таа.