Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE
Сертификацијата вклучува проценка на визуелната удобност и усогласеноста со деноноќниот ритам
Samsung Electronics денес објави дека неговите Neo QLED и Lifestyle телевизори добија сертификат „EyeCare Circadian“ од Verband Deutscher Elektrotechniker (VDE), водечки институт за сертификација во областа на електротехниката во Германија. Ова достигнување ја истакнува посветеноста на Samsung за развој на технологии кои го поддржуваат природниот деноноќен ритам, промовирајќи благосостојба и визуелна удобност.
„Овој сертификат ја потврдува нашата посветеност кон создавање производи кои го унапредуваат корисничкото искуство преку приоретизирање на удобноста на очите и намалување на визуелниот замор, сето тоа со обезбедување на извонреден квалитет на слика,“ изјави Таејонг Сон (Taeyong Son), извршен потпретседател на одделот за визуелни екрани во Samsung Electronics. „Ќе продолжиме да поттикнуваме иновации кои ги антиципираат и се адаптираат на променливите потреби на корисниците, нудејќи и имересивна забава и долгорочна одржлива удобност.“
Сертификатот ги опфаќа главните модели од линиите Neo QLED и Lifestyle, вклучувајќи ги The Frame и The Serif. Се оценуваат шест клучни критериуми кога се одредува погодноста на производот за сертификација: безбедност на очите, пријатност за очите, ниво на треперење, униформност, верност на боите, и Индекс за деноноќен стимул (CS) — рамка создадена за оценување на визуелната удобност и усогласеноста со индексот на деноноќниот ритам.
Клучот за успехот на Samsung е функцијата EyeComfort Mode, која автоматски ја прилагодува осветленоста и температурата на боите според времето од денот и околните услови на осветлување. Преку симулирање на природни светлосни обрасци, овој режим го намалува напрегањето на очите во текот на денот и создава релаксирачка атмосфера навечер, усогласена со природните ритми на телото.
Оваа сертификација е само уште едно признание за телевизорите на Samsung, истакнувајќи ги нивните производи и функции насочени кон корисниците. Серијата Neo QLED претходно го доби сертификатот „Circadian Rhythm Display“ од VDE, додека Lifestyle телевизорите на Samsung добија верификација „Glare-Free“ од Underwriters Laboratories (UL) за намалување на визуелниот замор. Дополнително, поради нивната извонредна точност на боите, телевизорите на Samsung имаат и Pantone валидација.
###
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.
ПР објава