Сара Мејс брои ситно до породувањето: Димитар објави како заспала на роденден (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Сара Мејс е во третиот триместар од бременоста кој е и последна фаза како подготовка за породувањето.

Сара и Димитар открија дека Илина ќе има братче, очекуваат машко дете, а таа често споделува фотки, истакнувајќи го трудничкото стомаче во прексрасни труднички комбинации.

Водителот и пејачката и харфистка, се еден од најзабавните и најхармонични парови на македонската сцена и редовно ги забавуваат следбениците на социјалните мрежи со случки од секојдневието, покажувајќи дека се сосема опуштено и позитивно семејство, па така и овојпат Димитар не ја испушти приликата да објави интересна фотка од сопругата.

Имено, тој сподели како Сара заспала каде што отишле на роденден:
- Знаеш журка, јако, провод, пиење, ова, она - се пошегува Димитар.


Во меѓувреме пак, убавата Сара сподели прекрасни фотки на кои го гали стомачето со опис „Уште еден ден поблиску до тебе“, најавувајќи дека е во 30-та недела од бременоста и дека наскоро ќе пристигне бебето.


Повеќе фотки од забавното семејство:




По првиот наш состанок, гледав во ѕид и уживав во пеперутките во стомакот: Љубовната приказна на Сара и Димитар Атанасовски

Сара Мејс ја знаете сите, но ова е нејзиниот брат: Дали си личат? (ФОТО)