САРА МЕЈС: ДВЕ СРЦА СВИРАТ ПОУБАВО ОД ЕДНО

Добивај вести на Viber

Во седмиот месец од бременоста, Сара Мејс ужива на плажите на Јонско море. Познатата пејачка и харфистка со нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски очекуваат ќерка.

Во претходно интервју за „Женски Магазин“ Сара откри дека за бременоста дознале на Бадник.

- Првите три месеци ми беа тешки за концентрација додека свирев и ми се гадеше. Не можев да си поверувам на себе си. Подоцна беше супер. Додека свирам харфа не ми пречи, баш ми годи. Две срца свират поубаво од едно - ни изјави таа.

Сара, која е харфистка во МОБ, а свири и во Македонската филхармонија и предава пеење во училиштето „Пијано форте“, минатата година имаше активна година, и на музички и на приватен план. Само неколку недели по свадбата со Димитар, во септември таа го промовираше новиот албум Floating through space и одржа два концерта, со необичен, вселенски имиџ за неа и за нејзиниот бенд.