Се бори да преживее: Синот на Шабан Шаулиќ тешко болен

Роберт Шаулиќ (47) вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ во моментов е во тешка финансиска, но и здравствена состојба. 

Како што тврди тапанарот кој соработувал со покојниот пејач, синот на Шаулиќ, Роберт, живее во Зрењанин, Србија, заедно со постара жена која наводно се грижи за него. Постарата жена, како што пишува српски „Телеграф“ наводно е соседка која Роберт го земала од улица кога имал само 10 месеци. Соседката Радованка изјавила дека Шабан го посетувал Роберт и му давал пари.

Според српскиот портал, синот на покојниот пејач сега е тешко болен. Соседите велат дека тој сега не е во можност да си обезбеди соодветно лекување затоа што е во многу тешка финансиска состојба.

Соседите, поради неговата добрина и квалитет збираат пари за да му помогнат. Роберт често им помага на постарите и на болните луѓе кои му даваат пари за да преживе. 

„Тој е голем човек. Не сум слушнал лош збор за него. Знам дека имаше една девојка со која раскина“, изјавил сосед на Роберт.