Се чувствував како да не сум добра мајка: Серена за наjтешката криза во животот
Серена Вилијамс на својот профил на Инстаграм им се обрати на своите фанови со подолга порака во која објаснува дека има постпородилна депресија.
Откако пред шест дена Вилијамс зачекори на тениските игралишта, за прв пат по поразот во финалето на Вимблдон, не можеше да замисли дека ќе го доживее најтешкиот пораз во кариерата. Во првиот круг на ВТА турнирот во Сан Хозе, во нејзината земја, Јохана Конта целосно ја порази американката и ја декларира со 6: 1, 6:0.
Потоа оваа недела таа го откажа нејзиниот настап на престижниот Роџерс куп во Монтреал поради „лични причини", како што самата кажа. Затоа, јавноста се прашуваше што се случува со 36-годишната врвна тенисерка, и се чини дека одговорот лежи во голема загриженост на Серена за ќерката која ја роди во септември минатата година.
„Мајки, во ред е ако имате лош ден или недела"
Серена е убедена дека емоциите што ги чувствува по породувањето се сосема нормални и ги охрабрува мајките низ разговор да направат обид за решавање на ваквите проблеми:
„Се чувствував како да не сум добра мајка. Прочитав неколку написи кои велеа дека постпородилната депресија може да трае до три години, ако не се признае проблемот. Јас многу сакам со комуникација да се решаваат такви работи, и низ разговор со семејството и пријателите сфатив дека е природно дека се чувствувам како да не правам доволно за своето дете. Мајки, вие сте хероини! Јас сум овде за да ви порачам, ако имате лош ден или една недела, тоа е во ред! И јас поминувам низ истото. "
Феноменалната Серена Вилијамс во својата богата кариера има освоено дури 23 гренд слем титули. Иако таа го откажа големиот турнир во Монтреал оваа недела, објави дека очекува да биде подготвена за последниот гренд слем во оваа сезоната, тоа е УС Опен, кој започнува кон крајот на овој месец.