Се качи на масата, па газеше по храната: Џибони ги згрози фановите со своето однесување - сега се огласи по критиките

Немам изговори, можам само да кажам дека ми е жал и им се извинувам на сите!

Златан Стипишиќ Џибони (53) шокираше многумина откако на социјалните мрежи се појавија видеа од неговиот настап во Загреб на кои тој гази по храна. 

Изгледа дека Џибони премногу се занел во песната, па во еден момент се качил на масата на која гази по сервираната храна.

Шокираните посетители ги зеле телефоните во раце и почнале да ја снимаат оваа „необична“ изведба, која ја споделија и на социјалните мрежи. Така, еден корисник заедно со видеото напиша:

- Не знам што е потажно, тимот што му аплаудира, го поддржува и снима додека гази храна или тој самиот што го прави тоа! Божиќ во вистинскиот дух на Божиќ.


По оваа негова непромислена постапка се огласија и многу познати личнсти осудувајќи го овој негов гест. А бидејќи видеото стана вирално, набргу по инцидентот се огласи и пејачот:

- Немам оправдувања, можам само да кажам дека ми е жал и им се извинувам на сите. Често ме понесува атмосферата, се случува некаков каприц. Толку често се мешам со публика, ми се случило да се качам на масата, но вакво нешто не – изјави Џибони за Вечерњи лист и додава дека мислел дека вечерата одамна завршила.

- Прво се качив на столче, беше ниско, па се качив на масата. Одеднаш стапнав во две „кришки“ пршута, а потоа и куглоф. Тогаш не обрнував внимание, но денес кога ја гледам снимката навистина ми е жал. Па, јас би бил првиот што би рекол „ова не е нормално“, да се работи за некој мој колега – рече Џибони и додаде дека е подготвен на сите осуди, а луѓето со право се згрозени од видеото.

извор:telegraf