,

Се надевам дека ќе имаме пет деца, сега сакам близнаци: Сека Алексиќ повторно ќе оди на ин витро оплодување

Сека Алексиќ ужива со семејството и е среќна мајка на две момчиња Јован и Јаков.

Покрај популарноста која ја стекна со музика, Сека Алексиќ е позната и како жена посветена на семејството.

Неодамна пејачката го прослави својот роденден и како една од нејзините главни желби истакна дека ги сака сите домашни животни во дворот, а за почеток порачале кокошарник.

- Сакам да ги имам сите животни во дворот. Иако Вељко ме молеше да не претерувам и да одам полека. Но пополека ќе направиме нешто. Сакам се, буквално се. Сакам животни, особено домашни, кои ги сакаат и децата. Мислам дека децата треба да се воспитуваат и да се учат на се, па кога ќе пораснат нека одлучат што ќе прават и каде ќе одат - изјави пејачката.

Таа секогаш истакнува како нејзиниот сон бил да има големо семејство и дека би сакала да има уште деца.

- Сите грешки што ги правиме како родители со првото дете, ги исправаме со второто, третото, четвртото и петтото. Се надевам дека ќе имаме и петто. Се надевам. Во септември пак планирам да одам на ин витро оплодување. Што и да биде, Господ да даде само здравје - рече Сека.

Вечно ќе му е благодарна на еден светец: Сека Алексиќ раскажа како успеала да забремени и да стане мајка по седумгодишна борба за потомство

Сека Алексиќ истакна дека таа би сакала близнаци, но и да не се случи тоа, сега е среќна и задоволна бидејќи има два сина и среќно семејство.

Насмевки и радост во домот на пејачката: Сека Алексиќ му го прослави 2-от роденден на синот Јован