Познатата пејачка и актерка Ванеса Паради се заколна на вечна љубов со режисерот Самјуел Беншетриј. Венчавката на поранешната долгогодишна партнерка на холивудскиот актер Џони Деп со кого има син и ќерка се одржала во тајност во градот Сен Симон.
Паради одбрала фустан во крем боја, а на интимната прослава присуствувале и францускиот рокер Метју Шедид и пејачот Рафаел.
Избраникот на Ванеса е француски писател, актер, сценарист и режисер со мароканско-еврејско потекло.