Се развела од сопругот и ослабела 94 килограми за да го заведе Роналдо

Добивај вести на Viber

За љубов жените се спремни да направат се, а таква е и приказната со Марина Богомолова од Русија која би го променила начинот на живот само да го освои фудбалерот Кристијано Роналдо.

Русинката покрај тоа што е голем фан на Роналдо, се развела од сопругот, ослабела 94 килограми, учи англиски јазик и се запишала на школа за фудбалери.

Нејзината драстична промена започнала кон крајот на 2017 година, односно на новогодишната прослава решила да се разведе од сопругот и да почне да слабее.

На крајот Марина објаснила дека Роналдо не ја привлекува само поради изгледот, туку и неговата хуманост и дека тој е пример за се што еден маж треба да поседува.