Се роди и славеа минута и пол, а потоа сфатија дека го има овој синдром: Мајка му го оставила, но за среќа татко му доволно го сака
Кога лекарите му кажале на Евгениј Анисимов дека има бебе со Даунов синдром, неговата сопруга го направила незамисливото. Овој тато денес се слави ширум светот, а еве ја причината за тоа.
Имено, сопругата на Евгениј по породувањето сакала да се откаже од детето. Но наместо тоа, овој храбар татко жртвувал сè за да може сам да го одгледува својот убав син.
Кога Евгениј Анисимов од Русија и неговата сопруга го дочекаа своето прво дете, тие славеа само 1 минута и 39 секунди. Зборовите на докторот, нивната најголема животна радост, ги однесоа во сосема друга насока.
Дијагнозата на Даунов синдром го шокираше Евгениј, па дури и заплака, сфаќајќи дека ќе има пречки што треба да се надминат при одгледувањето на бебе со Даунов синдром. Но, тоа не промени ништо во врска со љубовта и посветеноста што тој ги чувствува кон своето дете.
- Ниту еднаш не помислив да го оставам мојот син во сиропиталиште. Тоа би било нехумано, рече тој.
За жал, неговата сопруга и нејзиното семејство не се чувствувале исто. Сепак, тоа не ги спречила таткото и синот да останат силни и неразделни.
Фото: ИнстаграмИзвор: zena.blic.rs