Се шпекулираше дека ја изневерува, но тоа не ги уништи: Вака изгледа сопругот на Тијана Дапчевиќ, со кој лудо се сакаат повеќе од 20 години
Популарната пејачка е позната по изразената смисла за хумор
Тијана Дапчевиќ е долги години на музичката сцена. Таа е некој што е секогаш насмеан, секогаш подготвен за муабет и шега.
Иако, како и сите други луѓе, понекогаш има проблеми, но тоа не ѝ се познава. Таа црпи енергија за сите животни борби и напредување само од семејството.
Тијана е во брак со Милан Дапчевиќ повеќе од 20 години, а од таа љубов се роди и нивниот син Вук. Двајцата се запознале на кошаркарски натпревар во Сомбор, а по четири дена врска почнале да живеат заедно.
Во 2001-ва година, на 28-ми април, тие се венчаа. И додека Милан е некој кој генерално избегнува да се појавува во јавноста, Тијана ужива во медиумското внимание.
Таа на социјалните мрежи често споделува фотографии од приватниот живот, па врз основа на нив можевме да видиме дека синот е ист како мајка си.
И додека имавме можност да го видиме момчето неколку пати, Милан остана вистинска енигма за сите. Сепак, им моменти кога Тијана дозволува да го видиме и него.
Медиумите неколку пати пишуваа дека нивниот брак бил во криза, Тијана еднаш откри дека и покрај сите предизвици нивниот брак опстојува.
- Се пишуваше дека Милан ме изневерувал, но јас не негирав бидејќи нас не не интересира такво нешто. Ниту тој ме изневерил, ниту јас него! Сите овие години не погледнав во друг маж, бидејќи во мојот сопруг имам сè! Тоа беше и остана љубов на прв поглед. Можеби го изневерував со Џони Деп, Метју Меконахи, Бредли Купер, но во мојот ум - на мој начин - истакна Тијана.
Нивната љубов е силна и таа се надева дека така ќе остане до крај.
Извор: glossy.espreso.co.rs