Се запознале случајно, станале најдобри пријателки: По 8 години дознале дека се сестри

Џулија Тинети и Касандра Медисон се запознаа во 2013 година, на работа, наскоро станаа пријателки, а многу луѓе ја коментираа нивната сличност и исто потекло.

31-годишната Џулија Тинети и 32-годишната Касандра Медисон се запознаа во 2013 година додека работеа во бар во Њу Хејвен, Конектикат.

- Џулија го забележа доминиканското знаме на мојата рака и искоментира дека е посвоена од таму. Веднаш и реков дека и јас од таму сум посвоена. Наскоро станавме пријателки, започнавме да носиме слична облека и дури им кажувавме на сите дека сме сестри - рече Касандра, пишува The Sun.

На овој начин тие се зближија и станаа најдобри пријатели, но со години не сфаќаа дека тие всушност се навистина сестри.
Многумина коментираа дека тие навистина се многу слични и во еден момент самите почнаа да се прашуваат дали навистина се слични. Но, нивните документи за посвојување воопшто не се совпаѓаа. Местото на раѓање, презиме, па дури и името на мајката биле различни.

Но, Касандра дознала дека навистина има сестра кога го посетила своето биолошко семејство во Доминиканската Република. Тогаш девојките решиле да направат ДНК тест.

По тестирањето, нивните сомневања беа потврдени и девојките дознаа дека навистина се сестри.


Нивните родители имале заедно девет деца - три момчиња и шест девојчиња, но тие биле принудени да се откажат од Касандра и Џулија затоа што не можеле да си дозволат да издржуваат големо семејство.

- Ние сме сестри! Иста мајка, ист татко! Двете девојки кои случајно се запознаа на работа се всушност сестри! Те сакам близнак! Напиша Касандра.


извор:24sata.hr

Родителите ни починаа во иста година: Искрено со сестрите Катерина Тодевска- Спасиќ и Ана Тодевска

Сопругот во шок: Мајка потроши 1.500.000 денари за шестиот роденден на ќерката

(ВИДЕО) Тие се најмлади мајки на светот: Нивните приказни се тешки, тажни и шокантни