Сега и светот плаче: Емпатична приказна за љубовта меѓу зоонегувателот и жирафата од Скопската зоолошка кои починаа во ист ден, објавена во светски познат блог за патување
Најтажната приказна за Скопската зоолошка градина, се појави во светски познатиот блог за патување „EarthPix“.
Приказната за смртта на зоонегувателот Ристе Трајковски и жирафата Флопи се појави како фото вест на овој познат блог.
Приказната за љубовта помеѓу човекот и животните ги разненжни дури и најкрутите срца. За смртта на Трајковски и Флопи во ист ден, сега слушна и светот.
„Дали е ова љубовна приказна или едноставно случајност? Рано наутро починал омилениот зоонегувател на жирафите во Зоолошката градина, Ристе Трајковски. Неколку часа подоцна почина и Флопи, жирафата за која се грижеше многу години. Тие беа омилени меѓу посетителите, познати по нивната извонредна врска“- пишува во нивната објава.
Трајковски 12 години беше зоонегувател на жирафата Флопи во Скопската зоолошка градина.
Фото: Горан Анастасовски