Секојдневие растејќи во сиромаштија: Не смеевме да го јадеме бесплатниот оброк што го даваа на сиромашните ученици!

Добивај вести на Viber

Фото насловна: Shutterstock

Ако се жалите дека немате пари, а ништо од овие работи не биле дел од вашето секојдневие, веројатно немате причина да лелекате

Еден корисник на Reddit им постави прашање на сите кои пораснале во сиромаштија.

„Кои непишани правила ги следевте додека растевте?“.

Неговиот пост и одговорите на луѓето, претежно Американци, станаа вирални со брзина на светлината и масовно се шират на Интернет.


Криете пари

* Ги криете сите пари затоа што ќе бидат ‘позајмени’. Исто така, не се приврзувате за ништо. Ако нешто е добро, тоа ќе се продаде, а ако е вредно, ќе заврши во заложна продавница. Го добив истиот ЦД плеер три родендени по ред - подарок за роденден, заложен еден месец подоцна, повторно го добив за Божиќ, заложен во март итн.

* Не е важно дали не сакате храна, облека, обувки или играчки. Ги земате, им благодарите и ги цените.

* Ако користите рерна во зима, кога ќе завршите, ја оставате отворена за да го загреете остатокот од куќата.

* Амбициите, плановите и желбите ги чувате за себе. Ако кажете некому од вашето семејство или околина дека планирате да постигнете нешто во животот, тој едноставно ќе ве исмејува или ќе се налути. Ќе ве наречат вообразен или глупав ако не сакате вашата кариера да се сведе на бесмислена мизерно платена работа. Луѓето ќе ви кажат дека сте неразумни само затоа што одбивате да гледате на светот низ призмата на само преживување.

* Одењето на лекар не е опција се додека телесната температурата не се искачи над 40 степени Целзиусови, се додека коската не е скршена или забот не е целосно изгниет и тој не сака да падне сам. Имам 30 години, полн со здравје и сè уште бегам од медицинска помош.

* Пораснав во камп приколка. Во четврто одделение, девојче од мојот клас организираше роденденска забава и и требаа адреси за да испрати покани. Следниот ден ми рече дека нејзините родители ја повлекле поканата затоа што живеам во приколка. Тоа беше уште една работа за која научив дека, треба да се срамам.

Ручекот го прескокнувате

* Прескокнување ручек затоа што „едноставно појадувавте“ или едноставно не вечеравте.

* Се грижите за вашите работи затоа што нема да добиете нови ако се скршат или искинат.

* Не ни беа дозволени никакви дополнителни активности. Значи, нема инструменти, спортови или нешто што би барало каква било финансиска инвестиција за дрес или униформа. Тато еднаш ми рече дека не ми требаат очила, туку дека „сакам да бидам како моите пријатели со четири очи“. Секако, ми требаа.

* Во шампонот додаваш вода за да трае подолго.

* Климатизацијата се вклучуваше само кога некој ќе дојде на гости. Живеев во Јужна Флорида и никогаш не ми падна на памет дека можам да ја користам климатизацијата кога немавме гости.

* Не кажувај никому дека немаш пари. Срамота е. Јас и моите браќа не смеевме да јадеме бесплатен појадок што училиштето им го даваше на посиромашните ученици затоа што тоа ќе биде срамота за семејството.

* Не ја отворај вратата. Не одговарај на телефон. Ако некој гледа низ прозорецот, внимавајте да не ве видат. Не одговарајте со оние кои тропаат на вратата и ги бараат вашите родители. Се испостави дека тие биле собирачи на долгови.

Сите пари што ќе ги добиете одат за храна

* Парите што ги добивавме за Божиќ, родендени или ги заработивме (од 14-та година од животот), отидоа кај родителите за храна и наем.

* Ако некој нарача храна во ресторан, да порача што е можно поевтино, се сеќавам на ледениот изглед на моите родители кога нарачав нешто од пет долари и поскапо во ресторан кој беше со просечни цени. Ако можете да јадете хамбургер и помфрит за четири долари, тогаш ќе го нарачате.

* Бевме пресреќни ако воопшто излезевме да јадеме. Дури и денес, мразам да нарачувам предјадење, бидејќи тоа е во спротивност со начинот на кој ме воспитаа.

* Вашата коса мора да биде уредна, облеката чиста и мора да бидете пристојни и убаво да се изразите во сите околности. „Нема да бидеме ѓубре само затоа што сме сиромашни. Исто така, нема искинати фармерки, дури и ако се во мода. Нема да трошиме пари за нови панталони кои изгледаат истрошени.

* Добив стипендија за скапо приватно училиште во отмено предградие. Затоа, никогаш не ми беше дозволено да ги поканувам луѓето на гости, бидејќи немавме палата како сите други. И вистина, кога отидов да преспијам кај пријател, сите тие живееја во елегантни куќи. Можевме да се дружиме во трговскиот центар, да одиме во театар или забавен парк, ако мама добиеше бесплатни билети. Но, без трошоци дома. А, ако некој ме возеше до куќата, задолжително ме оставаше надвор, бидејќи барем ќе помислеа дека куќата е поголема и подобра однатре.

* Најстарото дете се грижи за другите деца

* Ако не треба да ги поправате чевлите со селотејп, не ви требаат нови чевли.

* Ако на вашите соседи им е потребна помош, вие им помагате. Автомобилот на Марија се расипа, па мојот брат го поправи бесплатно на неговиот слободен ден, а јас станав порано за да ја одведам Марија на работа, а нејзините деца на училиште. Се сведува на помагање на другите затоа што тие ќе дојдат кај вас ако имаат потреба.

Заштедувате електрична енергија на најмалите работи

* Смешно ми е како денес остатоците од ручекот се дополнителна ужинка за мене, а не основа за оброк за следниот ден.

* Исклучете ги сите светла зад вас. Туширајте се што е можно побрзо. Се собираат конзерви и пластични шишиња. Возете побавно за да заштедите гориво. Ги планирате вашите патувања така што да не трошите непотребно гориво. Помири се дека термостатот е на 20. Ако ви е ладно, покријте се со ќебе.

* Се вработувате на 15-годишна возраст и таа работа ви станува поважна од училиштето.

* Не вклучувате машина за алишта се додека не се соберат доволно парчиња за таа да се наполни цела, но навистина полна. Ако маицата малку се извалка, дамката ја миете со сапун над мијалникот.


Можеби ќе ве интересира:

Kаде ни се изгубија пријателите: Зборови на Момо Капор што секој треба да ги запамети