Семејна драма: Која е причината за самоубиството на ќерката на Милан Вукашиновиќ?
Денес македонските, но и регионалните медиуми се полни со информации за смртта на 35 годишната Маја Авдилбеговиќ, ќерка на Милиќ Вукашиновиќ, поранешниот тапанар на „Бијело дугме“ и фронтмен на „Ватрени пољубац“.
Безживотното тело на Маја било пронајдено од нејзина другарка во стан во сараевската населба „Језеро'“, а неофицијално се смета дека причина за смртта е предозирање со наркотици.
Меѓутоа, како што е и случај со ваквите трагедии, секоја приказна има и своја друга страна, па покрај тоа што во минатото Милан ја обвинуваше ќерката за своето однесување, кое било резултат на користење на дрога, сепак во медиумите се појави искрената исповед на сега веќе починатата Авдилбеговиќ.
Во јуни Маја имаше обид за самоубиство со сечење на вените, па тогаш и прв пат проговоре во јавноста за нејзиниот однос со татко и.
Таа признала дека два пати се обидела да се самоубие и дека нејзиниот татко физички ја малтретирал. „Прв пат се обидов да се самоубијам кога ме остави заради Планинка Раковиќ. Никогаш не посегнав по сопствениот живот поради дрога, како што тврдеше тој. На тој начин се обидува да си ја исчисти совеста. Како дете го изнесував од кафеани пијан, а тој ќе ме фрлеше на земја. Поминав низ пекол со него“, тврдеше Маја.
Таа додала дека сама се грижела за нејзината мајка, која е неподвижна. „Мојата мајка со години работеше како келнерка и го издржуваше него. Кога стана неподвижна, донесов социјални работници и доктори, а нејзино беше само да потпише дека ќе замине во дом. Откако таа не се согласи, ја повредив раката со удирање во стакло, дојде Брза помош и ме однесоа на психијатрија. Тоа беше револт од настанатата ситуација, а татко ми ме обвинуваше затоа што ја сместив во дом. Јас имам биполарно пореметување, но редовно пијам апчиња,“ ја завршува својата исповед Маја за српскиот портал Курир. рс.
По објавувањето на веста се огласи и Милан Вукашиновиќ, кој тврдеше дека никогаш немал кренато рака на неа. „Ќерката ми се свети, бидејќи ја изнесов вистината за нејзините проблеми со дрогата, кои може ќе придонесат еден ден да си го одземе животот. Никогаш немам кренато рака на неа“, тврдеше тапанарот кој смета дека виновен за проблемите со дрогата е нејзиниот партнер, кој ја навлекол на хероин.
Се чекаат резултатите од обдукцијата кои ќе докажат која е причината за самоубиството на Маја Авдилбеговиќ.