Семејството му е „петтиот елемент“: Кирил Колемишевски, од музичар до заменик министер

Добивај вести на Viber

Кирил Колемишевски е предложен за нов заменик министер за економија во Владата. На јавноста, Колемишевски ѝ е познат како поранешен член на групата „Нокаут“. 

Премиерот Заев најави дека ќе достави предлог за разрешување на заменик-министерот за економија, Кире Наумов, кој ќе биде директор на Македонската банка за поддршка на развојот и на негово место за заменик-министер за економија да дојде Колемишевски кој веќе ја извршуваше оваа функција во банката. 

Кирил со сопругата Катерина 

Приватно, Колемишевски е женет со Катерина која работи во канадска фирма и имаат ќерка. На својот Фејсбук профил, своето семејство тој го нарекува „Мојот петти елемент“. Колемишевски често споделува убави семејни моменти на социјалните мрежи. Летово, тој со сопругата и со ќерката беше во Канада. 

Музиката му е љубов која ја пренесува и на ќерката 

Кирил се ожени со Катерина во 2014 година, а на својот Фејсбук профил објави фотографија од венчавката со своите стари пријатели од групата „Нокаут“. Тој и денес го негува пријателството со нив. 

Со Владимир Крстевски- Франц се кумови 

Колемишевски е често дел од разни хуманитарни забави, а ги следи сите поважни музички настани и концерти. 

Кирил беше дел од првата, оригинална постава на „Нокаут“, група која е основана во 1997 година како втор вокал.