Шеф Никола од „Брза кујна“ стана татко по трет пат: Фала ти што ми го направи толку среќен и исполнет животот

Познатиот македонски готвач Никола Мишковски кој се прослави во кулинарското шоу „Брза кујна“ на телевизија „Сител“ денес стана татко на уште една принцеза.

Пред точно две години тој се ожени со сопругата Стефанија со која веќе имаше една ќеркичка.

Денес на Фејсбук ја објави среќната вест дека Стефанија му подарила уште една принцеза.


Инаку ова е втор брак за шеф Никола, а од претходниот има синче.