Шокантен стајлинг: Беби Дол во досега невидено издание

Добивај вести на Viber

Откако се поjави на регионалната музичка сцена во осумдесетите години, Беби Дол (56) не престана да воодушевува со стилот. 

Тоа го направи неодамна, кога на една градска забава во Белград се појави со розова перика, во комбинација со интересен фустан, накит и ракавици. Некои модни критичари овој стајлинг го нарекоа шокантен. 

Со вистинско име Драгана Шариќ, а позната под уметничкото име, таа недоамна го смени името во Дана Тодоровиќ. 

Фото: Глориа.рс

„Едноставно решив веќе да не се викам Драгана Шариќ, затоа што ми здодеа и затоа што сакам да започнам нов живот. Дана е моето црковно име, а презимето Тодоровиќ го земав од сопругот. Многу ми се допаѓа како ми стои и би сакала во иднина луѓето да ме викаат Дана“, изјавила Беби Дол. 

Нејзината животна приказна е полна со успони и падови, но и необичнни одлуки. Една од нив е и нејзиното бегство во Египет, каде што со години настапуваше во еден хотел. Исто така, пред многу години, Беби го одби менаџерот на групата „Ју ту“, кој сакал од неа да направи светска ѕвезда. 

 Беби Дол се омажи за Александар Тодоровиќ во 2014 година

Најважната улога во нејзиниот живот ја изигра таткото Милисав, џез музичар. Поради него уште од мала многу патуваше низ светот. Уште додека имала три месеци, родителите ја носеле и по 1.000 километри подалеку од Белград. Првиот ангажман за нејзиниот татко бил во Копенхаген. Свирел саксофон и флејта, а Беби одела со него на многу од патувањата. 

„Името Беби го смислив за да го заштитам семејното име, за да не се провлекува низ медиумите“, изјавила пејачката. 

Во 2013 година, нејзиниот татко открил дека не му се допаѓа ниту една песна од ќерката, и дека жали што нема внуци. Беби Дол се омажи за Александар Тодоровиќ во 2014 година, а тој организираше тајна церемонија.