Што ќе ми е живот без синот и без внуците: Дедото на близнаците кои загинаа кај Пожаревац скршен од болка

Добивај вести на Viber

Соседството тагува за семејството чии животи згаснаа во кобна сообраќајна несреќа

Татко, неговата мајка и осумгодишни близнаци настрадаа во несреќата кога на нивниот автомобил „ситроен“ налетал „фолксваген шаран“ зад чиј волан бил фински државјанин со косовско потекло.


Како што пренесоа медиумите од Србија загинале Александар Пешиќ кој имал 42 години и неговата мајка Станица (75) а финскиот државјанин Адем Смали наводно бил Албанец од Косово. Она што ја прави оваа трагедија уште поголема е тоа што несреќата првично ја преживеало едно од момчињата но за жал починало во болница.

Ужаснат од овој немил настан и погоден е дедото Милутин кој останал без сопругата, синот и двајцата внуци.

„Видов за сообраќајната несреќа на вести. Црвениот автомобил ми се виде познат. Ја побарав полицијата во Крагуевац и од таму ми рекоа дека тројца загинале, едно дете е префрлено во болница во Белград“, раскажал дедото за „Курир.рс“. 

„Верував дека мојот внук ќе се извлече. Ќе го тужам, тој ми зеде сѐ. Што ќе ми е живот без нив“, изјавил Милутин Пешиќ. 

Фото: Курир.рс