Силната жена знае кога да си оди
Некогаш беше среќна. Имаше многу можности, имаше љубов. Силна љубов. На почетокот, тоа беше прекрасно и весело, истражуваа нови работи заедно, двајцата учеа еден за друг. Тој беше сè што сакаше. Нејзините пријатели и семејството како да завидуваа од радоста што зрачи, си помислуваше.
Кога работите почнаа да се менуваат, чувствата почнаа да бледеат, се прашуваше каде отиде сè . Се надеваше дека ако ги врати работите, повторно ќе биде силно. Таа беше вознемирена, некако чувствуваше дека е виновна. Чекаше работите да се подобрат. Таа беше оптимист дека работите ќе се променат. Многу пати се преиспита дали да замине. Бараше знаци. Но, прво ги приметуваше знаците да остане. И понекогаш, ако барате доволно, ќе ги најдете, си мислеше. Освен тоа, не беше така страшно, си помислуваше, сѐ уште има добри нешта. Кај другите има и полоши, наоѓаше оправдувања. Чувствуваше некоја сигурност, како предвесник на среќата. Но, тоа не се случи.
Беше исплашена заради тоа што напушта и загрижена што ќе изгуби ако си оди. Почна да ја открива силата која отсекогаш ја имаше. Почна да го мери ризикот. Знаеше за својот потенцијал и колку ќе биде повредена ако остане. Веќе не чувствуваше вина дека направила нешто лошо. И не направи. Доста и беше. Беше тажна, повредена и фрустрирана. Заминувањето беше неизбежно. Знаеше дека само одолговлекува. И се прашуваше што чека. Конечно, си замина. Тагата беше преголема, стресот силен и ја болеше. Беше преплашена. Како ќе се снајде. Собра храброст и верба во себе. Знаеше дека е силна и ќе преживее. Го почувствува свежиот воздух. Стана свесна за сите жртви и колку беше несреќна. Животот почна да и се смешка. Среќата беше тука. Не мораше да ја бара со раширени раце, како што си помислуваше. Среќата ја најде нејзе. Таа и понатаму ги чува убавите сеќавања, но одлучи да биде среќна без услови.