Животна училница // Приказни
Силвија Стојановска за Влатко: Ме викаше „Мамо“, не можам да се помирам дека нема да го гушнам
- 09 Јули, 2018
Би сакала да замолам да се направи една темелна истрага како заврши животот на Влатко. Навистина би сакала ако има нешто матно да се расчисти, порача денес актерката Силвија Стојановска на гостувањето во отвореното студио на 1ТВ каде евоцираше спомени за трагично починатиот пејач и актер.
Стојановска зборуваше за емотивната врска на Илиевски со нејзината ќерка Ана, за нивната прва средба на улицата „Максим Горки“, за соработката на Влатко со нејзината ќерка Јана..
- Ме викаше „мамо“. Не можам да се помирам со тоа дека никогаш повеќе нема да се гушнам - рече Стојановска.