Синот на мисицата Кристина и Даниел Кајмакоски наполни 6 години: Супер роденденска забава со најблиските (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Поранешната мисица и поранешна сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски, Кристина Димитријевска позната како Кристина Димитри го прослави роденденот на синот Давид.

Имено Кристина објави низа фотографии со кои му го честиташе шестиот роденден на синот кој го има од бракот со победникот на првата сезона на талент-шоуто „Икс фактор“, пејачот Даниел Кајмакоски.

- Кога се роди ти, сватив која е вистинската смисла на животот. За тебе лавче мое, не постои борба која не можам да ја победам. Среќен роденден- напиша гордата мајка.

По разводот со пејачот, синчето живее со мајката Кристина, а и на големата роденденска забава, од фотографиите на Инстаграм се забележува отсуството на таткото Кајмакоски.

Даниел кој неодамна стапи во брак по втор пат е активен на социјалните мрежи, но ниту оваа година не објави пост или фотографија за роденденот на синчето.