Сите благодети на морето: Сончање, капење и излежување прават чуда за телото!
Повеќе истражувања покажаа дека морскиот воздух и водата се навистина добри за нашата душа и тело. Грците беа првите кои го забележаа лековитото дејствување на морето. Популарната бранова терапија - лечење со морска вода - потекнува од Грција. На грчкиот остров Родос и Крф бранова терапија се применувала дури и пред 2500 години.
Се користи за лечење на заболувања како што се егзема, артритис, астма, псоријаза, и болки во грбот. Хипократ ги откри лековитите својства на морската вода, посматрајќи ги нејзините ефекти врз раните. Забележал дека водатда го забрзува заздравувањето на раните, ги спречува инфекциите и ја намалува болката.
Во Франција, во средината на 19 век се отворени центри за третман на здравствени проблеми со помош на супстанции добиени од морето и морската вода.
КОИ БЛАГОДЕТИ НИ ГИ НОСИ ОДМОРОТ НА МОРЕ?
Морска вода содржи животно важни елементи
Морето ги содржи сите важни елементи на нашиот живот - натриум, магнезиум, калциум, калиум, силициум, сребро, па дури и злато. Морската вода продира длабоко во кожата и така обезбедува продирање на минерали и елементи во телото. Морето исто така содржи алги кои се богати со минерални материи. Алгите долго време се смета за извор на здравјето и убавината. Го стимулираат обновувањето на клетките, подобрувањето на изгледот на кожата, го стимулираат метаболизмот, подобруваат имунитетот, ги спречуваат инфекциите, ја чистат кожата и помагаат во отстранување на целулитот.
Морето благотворно дејствува врз астма и алергија
Морската сол има антисептички својства и антихистамини, поради што е од корист за кожата и алергиските реакции. Светската педијатриска болница веќе многу години користи бањи со морска сол за лекување и ублажување на алергии. Чистиот морски воздух, заситен со негативни јони, го прави дишењето полесно и благотворно влијание врз луѓето кои страдаат од астма.
Сончањето го снабдува телото со витамин Д
Сончањето носи не само убав тен, туку не снабдува со витамин Д кој е многу потребен во нашето тело. Неодамнешното истражување покажува дека тој игра клучна улога во спречување на многу болести, вклучувајќи и мултиплекс склероза и рак. За да се добие витамин Д не треба да уживате во најголемата топлина. За сончањето изберете ги утринските или вечерните часови. Имајте на ум дека кремите за сончање ја спречуваат можноста кожата да произведе витамин Д.
Одморот на море ослободува од стрес
Што друго има таков релаксирачки ефект како сонцето, светлината и брановите? Одморот на море е шанса да заборавите на секојдневните проблеми и целосно да се опуштите. Магнезиумот, кој морската вода го содржи во висок процент има докажан ефект против стресот.
Алтернативните лекари веруваат дека стресот може да дејствува како развој на многу болести. Затоа искористетего одморот да се ослободите од својот најголем непријател.
Благотворно влијание врз здравјето на очите
Сината боја на морето и гледањето во далечина е поволен ефект врз нашите очи. Ако трошите многу време пред компјутер, летувањето на море ќе ви помогне да се опуштите.
Ако не можете да отидете на море
Одличен одмор може испланирате дури и дома. Прошетка во шумата, вежбање, сончање, пливање во реката или езерото, да се избегне стресот, оставете го ТВ, мобилниот телефон, компјутер и видео игрите, земјете ја од полица омилената книга - читајте! Дозволете си сон повеќе од вообичаено, набавете си морска сол и дома направте си бања од морска сол.