Сите вери водат кон исламот: Шинејд Оконор го промени името и верата

Ирската пејачка Шинејд Оконор објави дека преминала во ислам и го сменила името во Шунада Давит.

51- годишната пејачка која се прослави со хитот „Nothing compares to you“ на Твитер ги објави своите фотографии со хиџаб, како и видео клип на кој пее Азан - молитвен повик.

- Изјавувам дека сум горда муслиманка, и тоа е природен крај на патувањето на секој интелегентен теолог. Проучувањето на светите книги од сите вери води како ислам, што значи дека сите други свети книги се излишни- напиша таа на Твитер.

Пејачката во текот на изминатите години отворено зборуваше за нејзините проблеми со менталното здравје.