Сите зборуваат за начинот на кој Јелена Бачиќ Алимпиќ објави дека станала баба: Малку свекрви би го кажале ова
Синот на Јелена Баќиќ Алимпиќ, Марко Алимпиќ и неговата сопруга Антонина добија девојче на кое и го дадоа името - МИЛА.
„Станав баба! Ти благодарам Антониа за неописливата среќа! Те сакам најмногу на светот", порачала Јелена на својот Инстаграм профил.
Ретко која снаа на Балканот може да се пофали со ваква честитка од својата свекрва, а ретко која жена во вакви моменти ја става својата снаа во прв план, но Јелена Баќиќ Алимпиќ никогаш не ја криела среќата за неа како избор на синот.
Антонина се јавила и од породилиште и открила дека Марко и таа ја крстиле ќерката Мила.
Добредојдовте кај нас, Мила!“, напиша кратко таа.
Името Мила потекнува од истоимениот збор „мила“, и ја изразува желбата на родителите нивната ќерка да биде слатка, драга, мила. Многу словенски имиња го содржат елементот „мил“, што значи „милостив, драг“. Затоа, Мила често се толкува како дел на други словенски имиња, вклучувајќи ги најпознатите Милена, Милица...
Мила понекогаш се поврзува со шпанското женско име Милагрос, што значи „чудо“.
Личностите кои го носат ова име се смета дека се привлечни, мили, добродушни, омилени и родени за да бидат сакани.
Фото: Youtube - screenshoot