Скопје ќе блесне за 30.000 евра и нема да биде тажно и ненакитено: Градоначалничката Арсовска го кажа датумот
Градоначалничката, Данела Арсовска, по обвинувањата дека главниот град ќе остане „тажен“ и ненакитен, објави дека Скопје ќе блесне за многу помалку пари од тоа што се трошело во претходните години и дека украсувањето е веќе во тек. Главниот град на Македонија ќе блесне во Новогодишната магија на 15.декември.
-Не ја разбирам потребата, веројатно во недостаток на останати аргументи и оваа година во истиот период како на тајмер, партиските војници да констатираат дека „Скопје е тажно“ и дека „Скопје нема да се накити“ за време на Новогодишните празници.
Секоја година истите луѓе се демантирани. Не од нас, туку од граѓаните кои се фотографираат со Новогодишните украси во градот. За загрижените да информираме дека Градот Скопје и оваа година ќе биде украсен, но за драстично пониска сума од она што досега секоја година се трошело на украсување на градот преку сомнителни набавки.
Продолжува на Фактор.мк