Сладолед за да ја гали за коленцето: Јелена Јованова раскажа потресна приказна

Во рамките на кампањата #СегаКажувам (#TaniTregoj) иницирана од неколку независни активистки кои гласно говореа за сексуалното вознемирување, неколку познати личности, меѓу кои и актерката Јелена Јованова, споделија непријатни искуства на социјалните мрежи. Објавата на Јованова ви ја пренесуваме во целост.

Сега кажувам!
Еден монструм сигурно се сеќава како
8 годишно девојче силно мава по
меѓуножјето негово кога истиот и нуди
играчки и сладолед ама тој да
може да ја “гали за коленцето”! Јас
среќа те прочитав, но не секој за
жал стигнува до самоодбрана!
Години после тоа бев во страв да
си играм сама!
A не требаше да е така.

Kога пораснав гледав и сѐ уште
гледам како ви е најнормално да
“поздравите” жена удирајќи ја
по задник, зашто задникот нели
е ваш, а чинот е просто “нормален”!
A се сеќавам знаете и поради “грижа”
да не следите до дома! Капиштец се
сеќава на еден солзавец!
Живееш денови кога претрчуваш улици
преправајќи се дека зборуваш на
телефон дури некој “најнормално”
оди позади тебе, ти дише во врат и
дофрлува што би ти правел.
Ужасно е! А знаеш - има и полошо! И
знаеш колку од нив се плашат да
споделат од страв дека никој нема да
им верува! Од страв од сторителот! Од
немањето
Верба во надлежните институции! Од
чувството на вина.
Aко не побараме помош сега, тогаш
кога?
Многу работи станаа нормални. Тоа
никако не е нормално!
#СегаКажувам #КадеНеОдам #TaniTregoj #KuNukShkoj