Славен Ристески: Собата на Тоше е сѐ уште иста

Добивај вести на Viber

Не постојат зборови со кои може да се опишат емоциите во нашето семејство. Ова е бескрајна тага која ќе остане засекогаш. Не е точно дека времето ја ублажува болката. Човек само учи како да живее со грозната вистина. Понекогаш денот е долг како година. Ова е дел од интервјуто со Славен Ристески, сопругот на сестрата на Тоше Прески, за „Вечерње новости“ во пресрет на вечерашниот голем концерт во арената „Борис Трајковски“.

Зетот на Тоше открива интересни моменти за легендарниот македонски пејач. „ Собата на Тоше е сѐ уште иста. Таму се сите фотографии, неговата облека, играчките.. “, открива зетот на Тоше.

Ристески во интервјуто евоцира спомени за заедничките дружења, за тренирањето кик бокс, прошетките по Крушево со кучето, долгите тури со велосипед..

- Неговиот шарпланинец Гром има единаесет и пол години и може да го видите и во неколку кадри од новиот спот - открива тој.