Славниот готвач со македонско-албанско потекло воведе драстични промени во најдобриот ресторан на светот
Бев малку вознемирен од тоа како работевме. Почувствував дека рутината не задушува, и најверојатно треба да бараме ново место за да видиме дали тоа може да ни даде нешто ново, вели главниот готвач и сопственик на познатиот ресторан Noma, Рене Реџепи чиј татко има македонско-албанско потекло.
На крајот на 2016 година, ресторанот Нома во Копенхаген, кој беше прогласуван повеќе пати како најдобар ресторан во светот - се затвори. Ресторанот, кој има две ѕвезди Michelin и е познат по служењето на сезонските состојки од нордискиот регион, неодамна се лизна од местото број 1. Реџепи беше подготвен да ги „разниша“ работите, со цел да го подобри искуството на Нома. Во февруари годинава, ресторанот повторно се отвори во нов простор, недалеку од оригиналната локација, на местото на поранешно воено складиште.