Слободно пливајте во езеро, Ковид-19 не се пренесува преку вода - но на плажа да не се доближувате до непознати

Граѓаните кои планираат да заминат на одмор на некое од нашите езера, или, пак, ако имаме среќа да не „пуштат“ и на море, не треба воопшто да се грижат доколку пливаат во езерската или во морската вода, бидејќи коронавирусот не може да се пренесе на таков начин. За капење и пливање се безбедни и базените во кои има хлор. 

Ова за Фактор го објаснува д-р. Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје Скопје.

„Водата не е медиум за пренос на коронавирусот. Односно, КОВИД-19 е капкова респираторна инфекција, која што се пренесува преку кивање, кашлање или дишење. Така што, овој вирус не се пренесува преку вода, но затоа може да се пренесе на брегот, значи на шанковите, на лежалките, каде што се собираат поголем број луѓе. Без разлика дали станува збор за море, за езеро или за базен, најголемиот ризик од пренос е надвор од водата, на самите плажи. Затоа, препораката е на плажата да се седи блиску само до семејството, a граѓаните да се држат подалеку од непознатите, да бидат на растојание од најмалку два метри“, објаснува д-р. Стојанов.

Овој стручњак за Фактор објаснува и дека коронавирусот не може да се пренесува и во базените, прво затоа што вирусот не се пренесува преку вода, а второ, затоа што во базените има хлор, што всушност е дезинфициенс. Сепак, една работа е многу битна за да се заштитите од коронавирусот на плажа, а која дознајте на Фактор.мк