Сменете ги улогите: Вие поставувајте му прашања на вашиот потенцијален работодавец

Добивај вести на Viber

Во пракса, кандидатот кој се пријавува за одредена работна позиција се спрема за интервју, размислувајќи кои прашања би можеле да му бидат поставени, но и барајќи информации за компанијата каде што аплицира. 

Ретки се оние луѓе кои успеале подолго време да задржат одредено работно место. Во суштина голем дел од нас постојано ги пратат огласите за работа, со цел да најдат подобра опција кој ќе се вклопи со животните трошоци од една страна, но и која ќе не исполнува,  работејќи го тоа што најдобро знаеме или сакаме.

Сепак, доколку сакате да оставите подобар впечаток на интервју за работа, добро би било по поставените прашања од работодавецот, да ги смените улогите и да покажете заинтересираност, со тоа што вие нему ќе му поставите прашања.

„Business Insider“ објави прашања кои лесно може да се запомнат, а кои сигурно ќе ве одвојат од останатите кандидати. Дел од нив се:  Дали добро одговорив на сите ваши прашања? Кој според вас би бил идеален кандидат за оваа работна позиција и дали сум јас таа личност? Кој ви е најголема конкуренција и кои се вашите предности во однос на нив? Кои се недостатоците на работната позиција? Како изгеда еден типичен работен ден? Дали постои нешто што може да го направам за ја подобри мојата позиција во однос на другите кандидати? Дали е ова нова позиција и ако не е, зошто претходната личност си заминала?

Покажувањето интерес е многу подобро од  класичното интервју, па затоа доколку постојат прашања на кои сакате да добиете одговор, не плашете се гласно да размислувате и покажете им на потенцијалните работодавци дека сте поинакви од другите.