Со другарите од зградата пеевме коледарски песни кај соседите: Татјана Стојановка за Божиќните ритуали
Татјана Стојановска е дефинитивно една од најубавите ТВ презентерки во Македонија.
Харизматичната водителка се радува на Божиќните празници уште од детството.
- Она на кое се радував уште како дете беше Бадниковата вечера и барањето паричка во лепчето, а возбудливо беше и подготвувањето и одењето на Коледе. Се собиравме сите другарчиња од зградата во која живеев и одевме кај соседите на Коледе, пеевме коледарски песни и се радувавме на бонбоните, овошјето и паричките што ни ги даваа. Потоа таа радост ја доживував кога син ми одеше на Коледе, а сега се радувам кога ми доаѓаат коледарчињата на врата- раскажа Татјана, пред две години во интервју за Женски Магазин.
Во својот дом таа секогаш подготвува традиционални јадења.
- Најчесто Бадник го поминуваме на Бадникова вечера кај мајка ми, а за Божиќниот ручек сме собрани во поголем состав најчесто кај нас дома- додава.
Нејзината убавина се истакна уште на млади години додека беше манекенка и ја освои титулата Мис на Македонија во 1992-ра година. Пред нашето огледало раскажа за своите козметички ритуали, како и за одржувањето на линијата кога ќе претера со јадење.
-Откако вежбам многу се промени формата на моето тело, но и кондицијата. Порано бев многу понеподвижна и се чувствував уморно, но сега откако вежбам, во голема мера се чувствувам поенергично. Повремено спроведувам и одреден режим на исхрана со цел да намалам вишок на килограми- откри Татјана.
Се собиравме сите другарчиња од зградата во која живеев и одевме кај соседите на Коледе, пеевме коледарски песни и се радувавме на бонбоните, овошјето и паричките што ни ги дава