Со Савка сѐ уште комуницираме: Лозано за љубовниот живот и неверството

Со Савка сѐ уште комуницираме. Останавме пријатели и не гледам причина зошто да не биде така, се отвори Влатко Лозаноски во шоуто „Живот со стил“ кое се емитува на телевизија 24.

Водителката Елена Стефановска го испровоцира да зборува за љубовниот живот, за периодот пред и по раскинувањето на свршувачката со манекенката Савка Грачанин, особено по натписите во повеќе портали дека неверството е причина за нивното разидување.

- Сум простил неверство - призна Лозано, но не прецизира далу во прашање е неговата сега веќе поранешна вереница или некоја друга девојка.

Лозано во моментов е фокусиран на претстојниот голем концерт на 2 август закажан на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.