Собраа 127 милиони долари за донации: „Еден свет-Заедно дома“, под водство на Лејди Гага

Добивај вести на Viber

Сумата од 127 милиони долари, која беше собрана синоќа од глобалниот настан Еден свет: Заедно дома, ќе биде донирана за поддршка на здравствените работници кои се на првата линија во борба против коронавирусот. 

Глобалниот добротворен концерт, беше организиран за да се подигне свеста и да се придонесе за финансирање за глобалната борба против КОВИД-19. Организацијата „Глобален граѓанин“ и Светската здравствена организација го поддржаа настанот и се здружија со познати личности.

Овој настан е под водство на Лејди Гага, а во него беа вклучени ексклузивни настапи на бројни светски ѕвезди, меѓу кои: Аланис Морисет, Андреа Бочели, Били Ајлиш, Били Џо Амстронг од Green Day, Бурна Бој, Крис Мартин, Дејвид Бекам, Еди Ведер, Елтон Џон, ФИНЕНЕС, Идрис и Сабрина Елба, Џеј Балвин, Џон Леџенд, Кејси Мусграјвс, Кит Урбан, Кери Вашингтон, Ланг Ланг, Лицо, Малума, Пол Мекартни, Пријанка Чопра Џонас, Шах Рух Кан и Стиви Вондер.

Настанот повторно ќе се емитува вечерва на каналот Е!