СОНЦЕ, МАГЛА, ОБЛАЦИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР: Еве какво време ќе имаме до крајот на неделава

Променливо време ќе имаме до крајот на оваа недела.

Како што објави метеорологот Славчо Попоски, до крајот на оваа недела во земјава ќе има и сонце и облаци, а ќе има и магла и ветер. 

„До крајот на оваа недела во Македонија ќе се менуваат сончевите и облачните периоди, а нема да недостасува  и маглата по одделни котлични и речни долини, особено во утринските часови. Повремено ќе биде и ветровито, односно ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од западен и од северозападен правец.

Подетално, на Фактор тука.