Соседите не се бираат: Зошто е добро да ги имате во животот
Соседите не се бираат, за жал многумина. Нив едноставно „ги добивате“ заедно со куќата или станот. Меѓутоа, не сите соседи се лоши, или имаат лоши манири.
Не секогаш соседи се завидни, злобни, агресивни, оние кои бараат пари на заем...
Соседството или комшилакот има и добри страни, а еве некои од нив:
-Секогаш ќе имате со кој да се напиете барем едно кафе
-Сосетката е тука да ви ги причува децата ако ви излезе некоја итна работа
-Со соседот се пие и најслаткото пиво и се јаде највкусната салата додека се гледа фудбал
-Комшивката никогаш нема да ви ја затвори вратата кога ќе и побарате малку шеќер
-Често сосетката е наша најдобра пријателка, и ги знае вашите тајни
-Децата на сосетката секогаш ќе отидат до продавница да ви пазаруваат
-Само добра сосетка знае да ве изненади со слатка пита за ручек
-Сосетката знае да ве расположи кога се скаравте со сопругот