И денес го практикува: Совет за самодоверба од мајката на кралицата Елизабета II

По долги години служба, британската кралица Елизабета Втора, досега стана вистинска професионалка во извршување на својата работа, но во почетокот, кога станала кралица, не и било сеедно да се појави пред стотици или илјадници луѓе, со оглед на тоа дека, природно е исклучително срамежлива, според тврдења на нејзините најблиски познаници. Но, нејзината мајка еднаш и дала одличен совет до кој се придржува откако го слушнала и секое влегување во просторија полна со луѓе од тој совет сепак и е некако подносливо.  

Лејди Пен, која била помошничката на мајката на кралицата Елизабета, раскажала дека кралицата како млада била премногу срамежлива, откривајќи го тој злато вреден совет кој го добила од мајка си, добила и толку потребна самодоверба, каква што мора да има една принцеза и идна кралица. 

 „Мајка ѝ уште како мала и кажа дека мора да биде храбра. Бидејќи, ми изгледа дека на кралицата, како мала, влегувањето во соба полна луѓе и беше повеќе од драматично. А потоа нејзината мајка го кажа следново: „Она што мораш да го направиш кога влегуваш во соба полна со луѓе е да прошеташ низ средината на вратата“. Мислам дека со тоа сметала оти во просторијата едноставно мора да прошета самоуверено. Всушност и порача дека мора да прошета како таа да е главна, и тоа по мое мислење бил исклучителен совет“, раскажала Пен.