Спенџарска роденденски порачува: Не седнувајте во возот само затоа што вашите баби ви рекле дека е последен!

Добивај вести на Viber

Познатата водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска денес слави роденден. По тој повод уште рано утринава им се заблагодари на обожавателите кои и го честитаат роденденот, а покрај фотографијата испрати и интересна порака до припадничките на женскиот пол.

„И ете..... после долги,дооолги години, денеска можам да седнам и да кажам дека конечно почувствував на своја кожа како е да не се плашам од времето!

Ќе дојде и вистинска љубов и пари и напредок во работата..... ќе дојде и новиот дом, новиот автомобил, патувањата по најубавите дестинации.....
СЕ ќе си дојде во свое време и се ќе помине.

Не седнувајте во возот само затоа што вашите баби/ стрини/тетки/комшики ви рекле дека е последен! Секој сам си го препознава вистинскиот воз, без брзање (иако знам дека сме малку скарани со трпениото)

Вистинскиот воз доаѓа на перонот кога вистински ќе почнеме да се сакаме себе, а мене ми требаше многу време да го сфатам тоа, мислев дека се глупости прочитани на интернет се додека не налетав на толку многу несреќни луѓе и си реков дека ЈАС нема да бидам иста како нив! Процес е, признавам, има многу работа, менуваш навики, ставови, размислувања, излегуваш од зона на комфорот и те фаќаат паники, но вреди!

Денеска за себе имам предобро мислење, горда сум на жената во која се претворив, на сите убавини кои ми ги дава животот иако имам уште мнооогу работа  и спремна сум за се што ми стои на патот.

Секој ден е нова шанса да се промениш и да бидеш подобар, поуспешен и посреќен човек, само треба да одлучиш, до толку е едноставно!
Да скратам...
Да сте живи и здрави сите, ви благодарам за секоја порака, се дупло да ви се врати“ , пишува Јелена Спенџарска на Инстаграм.



Среќен роденден Јелена.