„Среќна жена, среќен живот“: Ламбе Алабаковски после долго време ја покажа убавата сопруга
„HAPPY WIFE HAPPY LIFE“ напиша пејачот Ламбе Алабаковски на Инстаграм, објавувајќи ја неговата сопруга на социјалните мрежи која во последно време поретко ја гледаме.
Ламбе и Магдалена во август годинава прославија 10 години брак.
Ламбе со Магдалена имаат два сина, Михаил и Димитриј. А Бигорскиот манастир очигледно за нив е посебно место, бидејќи токму во тоа свето место се венчале, но и го крстија помалиот син Димитриј.
Познатиот пејач пред 2 години се врати од Америка, каде живееше 5 години и тогаш за Женски магаизн раскажа: - Дома чувството е неописливо со зборови. Благодатно, исполнето, душата на место и секако носталгијата е побиена, ја снема! Среќни сме сите многу, кога си отсутен повеќе време учиш сè повеќе да цениш што е татковина и дом“, ни изјави тогаш Ламбе.
Фото: Инстаграм - Ламбе Алабаковски/архива - Женски магазин
Мојата сопруга ја сакам сè повеќе секој ден: Ексклузивно новогодишно интервју со Ламбе Алабаковски