Сродни души: Кој би рекол дека Џејсон Стејтам и Роузи се 20 години разлика?
Тие се една од најубавите двојки во Холивуд. Романтичната врска меѓу манекенката Роузи Хантигтон-Вајти и актерот Џејсон Стејтам трае веќе цели десет години. Иако многумина мислеа дека тие не се совршена двојка, сепак изгледа дека тие се еден за друг.
Еве како започна нивната љубовна врска:
Тие се верени скоро четири години, а имаат и дете.
Роузи има 32 години и е супермодел, актерка и поранешен ангел на Викторијас сикрет. Од своите 16 години влезе во модниот свет, а модните куќи „се тепаа“ да го рекламира нивниот бренд.
Џејсон има 52 години и ја започна својата актерска кариера дури кога наполни 32 години. Пред тоа професионално се занимаваше со нуркање. За да заработи, продавал лажни часовници и парфеми на улица. Деведесеттите случајно го ангажираа за реклама, па Гај Ричи му понуди улога и оттогаш започна неговата кариера во светот на глумата.
Роузи и Џејсон се запознаа во 2010-та година на музички фестивал. Двајцата веднаш сфатија дека си ја нашле сродната душа, но врската долго време ја криеа од медиумите.
По само половина година забавување, двојката започна заеднички живот и се појави во јавноста. Веднаш предизвикаа внимание во јавноста поради 20-годишната разлика во години.
Рози призна дека кај Џејсон ја сака неговата смисла за хумор и тоа што секогаш може да ја насмее. Исто така кажа дека го сака тоа што ја поддржува во се.
Во јануари 2016-та година, го добија синот Џек Оскар Стејтам. И после десет години заеднички живот двојката е многу таинствена во врска со својот приватен живот.