Станав мајка прв пат на 14 години, а сега имам три деца: Пријателите ја напуштиле, а таа има порака за сите тинејџерки

Кети своето необично животно искуство го сподели на „ТикТок“ бидејќи имала три деца на возраст од 19 години.

Кети денес има 22 години. За прв пат забременила на 14-годишна возраст, а на 15-годишна возраст ја добила ќерката Кејси. Таа вели дека првата бременост била најлесна. Од друга страна, Кети призна дека се исплашила кога открила дека ќе стане мајка за прв пат на 14-годишна возраст. Денес, таа вели дека тоа е нејзиното најдобро животно искуство.

Кети откри дека нејзината прва бременост била обележана со навреди и омаловажувања на училиште, затоа што нејзиниот учител пред целото училиште рекол дека нејговата ученичка е бремена.

„Многу ми беше срам да се вратам на училиште“, рече Кети и додаде дека изгубила многу пријатели поради напуштање на училиштето.

„Се фокусирав на семејството, така што мојот круг на луѓе е многу мал во моментот“, додава Кети.

Сепак, таа не ги советува тинејџерките да станат мајки, туку да одат на училиште.

Иако општеството ја осуди за предвремена бременост, Кети се грижеше за своите деца и во моментов работи на едукација и обука од областа на филмот затоа што сака да стане режисер на хорор филмови.


Izvor: zena.blic.rs


На 15 години се остварив како мајка: Елена од Ресен за животните предизвици како малолетна мајка