Станав вдовица по три дена брак: Младоженец се удави на меден месец

Добивај вести на Viber

„По три дена брачна среќа, животот ми се претвори во ноќна мора“, вели сопругата на Далтон Котрел од Малком, Ајова, кој се се удави на медениот месец, на плажата Кресент на Флорида.

Беа во брак само три дена.- Далтон и Чејен

Далтон (22) се удавил кога го повлекла силна струја. Неговата сопруга Чејен рекла дека тоа се случило на отворено море и дека сопругот почнал да крева паника и ја повлекувал надолу додека се обидувала да му помогне. Тој бил под вода најмалку една минута пред да стасаат спасителите од плажата и го извлекле надвор. Чајен додала дека не успеале неговите обиди да го оживеат.

Една од последните заеднички фотографии од медениот месец кои Чејен ги сподели на Фејбсук 

„Три дена брачна среќа набрзо се претворија во ноќна мора. Имаше толку страв и неизвеснот во мене. Моите родители стасаа рано наутро за да бидат со мене. Никогаш не би помислила дека во 22. година ќе станам сопруга, а набрзо потоа и вдовица. Молете се за нас во нашата жалост. Те сакам многу, Далтон“, напишала Чајен на Фејсбук.

Како што пренесува Си-Би-Ес Њуз, Далтон сакал да стане свештеник на баптистичкиот колеџ во Ајова.