Старлетата повторно под нож, фотографиите од нејзиното лице без завој се морничави: Мислев дека ќе умрам

„Се разбудив со дупки и шевови по целото тело“, рече Кејти

Англиската старлета и реалити sвезда Кејти Прајс (42) повторно отиде под нож пред три недели, а фотографиите по интервенцијата се морничави.

Кејти имаше липосукција на целото тело, подигнување на очите и усните, липосукција под брадата, а маснотиите беа инјектирани во задникот.


- Искрено, отидов во пеколот и се вратив, беше ужасно! Боже мој, изгледам како чудовиште од хорор филм - рекла старлетата која имала неколку интервенции во Турција, а нејзиниот изглед згрози многумина.

- Само што помислив: „Тоа е тоа, ќе умрам“. Бев преплашена дека изгледам како чудовиште, како онаа „Невеста од Вајлденштајн“ или лажна кукла - рече Кејти.



- Се разбудив со дупки и шевови по целото тело. Изгледам како од носот и очите да ми излегуваат мустаќи од мачка. Но, јас само ја сакам старата Кејти назад - заклучи старлетата.

Кога Кејти се разбудила по анестезијата, лекарите и рекле дека и треба трансфузија, сепак таа одбила поради стравот од корона вирусот.



Кети постојано изјавува дека повеќе не знае колку процедури имала. Само операции на градите имала „околу 12“, и вели дека ботоксот повеќе нема никакво влијание врз неа затоа што многу често го користела.


Фото: Инстаграм/Профимедиа

Можеби ќе ве интересира:

Има 19 години, а на неа ништо природно: Тамара потрошила милиони за операции и не планира да запре