Страотна глетка: Куќата на Бијонсе гореше во раните утрински часови на Божиќ
Пожарникарите во Хјустон, Тексас, се соочија со огромен пожар во блокот 2400 на улицата Росдејл во раните утрински часови на Божиќ, според локалната станица KIAH. Им биле потребни 10 минути да го изгаснат пожарот, и само три минути за да пристигнат на местото на настанот. Брачниот пар кој живее во куќата и нивните две деца во тој момент биле дома, но биле неповредени.
Не е јасно што го предизвикало пожарот во дуплексот.
Поради сезоната на празници, декември е водечки месец за пожари во домовите во САД, според Националното здружение за заштита од пожари.
Семејството Ноулс, чија најстара ќерка Бијонсе Жизел Ноулс-Картер стана меѓународна поп-ѕвезда и најнаградуваниот уметник во историјата на Греми, плати 64.000 долари за домот во Хјустон во 1981 година, според ТМЗ.
Тие заминале од таму во 1986 година откако се родила Соланж Пијаже Ноулс, исто така добитничка на Греми. Куќата има спирални скали, три бањи и канцеларија. ТМЗ известува дека купувачот платил 310.000 долари за плацот до тој дом минатата година.
Бијонсе во септември двапати настапи во Хјустон додека ја завршуваше својата турнеја „Renaissance World“ вредна 579 милиони долари.