Популарната водителка Сузана Манчиќ денес ќе се омажи со долгогодишниот вереник Симон Оцомокос на грчкиот остров Пилион каде младоженецот има викендица. Двојката која е во врска од 2000 година неколкупати ја одложуваше венчавката.
Српските медиуми пренесуваат дека Манчиќ и нејзиниот животен партнер за првиот танц на прославата ја одбрале песната „Само једном се љуби“ која ќе ја изведе оркестар кој специјално за приликата ќе биде донесен од Србија.
Ова ќе биде втор брак за најпознатата „лото девојка“ која со Небојша Куниќ има две ќерки. Сузана и Симон нема да потпишат предбрачен договор.