Свршеницата на Марадона помлада од неговите ќерки: Која е Росио Олива?
Диего Марадона секогаш ќе биде еден од најголемите играчи што некогаш стапнале на фудбалскиот терен.
57- годишниот пензиониран фудбалер, беше почесен гостин на Светското Првенство во Русија каде крена голема фама со неговото недолично однесување.
Инаку Марадона веќе 6 години е во врска со 28-годишната девојка Росиа Олива, со која се запознаа во 2012-та година.
Во февруари 2014-та година, тој се вери со неа и одржа забава во хотел во Рим за да прослави.
„Среќна сум бидејќи ова е мојот последен роденден како немажена девојка. Мило ми е дека успеав да го споделам овој момент со вас. Мојата желба е да бидеме вечно среќни со Диего! “ - изјавила Роси во една прилика.
Марадона беше во брак со Клаудија Вилафане помеѓу 1986-та и 2003-та година, пред да се разведат во 2004-та година.
Тој има пет деца, вклучувајќи ги двете ќерки 29-годишната Џанини и 31- годишната Далма, кои воедно се постари од неговата вереница.